Претходна статија
За рекордни 5 дена се исцрпија средствата за субвенции за печки на пелети
Следна статија
Пако Радовановиќ ќе одржи предавање на 8 ноември на скверот на АФС

МЕПСО ќе гради 4 далноводи и ќе модернизира 8 трафостаници

Објавено на 06.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

МЕПСО денеска потпиша 9 договори со 5 компании за инвестиции во македонската преносна мрежа вредни 18 милиони евра. „Со денешното потпишување на договорите МЕПСО како оператор на електропреносниот систем на Република Македонија ќе изгради над 100 километри нова далекуводна мрежа на 110 киловолтно напонско ниво, 4 нови далекуводи на постоечки траси, ќе се модернизираат 4 трансформаторски станици со примарна и делумно со секундарна опрема и ќе се инсталира нова опрема на 4 трансформаторски станици на 4 хидроцентрали“ изјави премиерот Зоран Заев.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Со проектот ќе се заменат далекуводите изградени пред 50 – 60 години, како и трафостаниците што се исто така застарени. Со новата опрема ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија на целата земја. Високо ризичните бетонски столбови на далекуводите ќе бидат заменети со нови челично – решеткасти. Проектите ќе ги реализираат компаниите „Далековод“ и „Кончар“ од Хрватска, „Енергомонтажа“ од Србија, „Бенинг ПСАМ“ од Македонија и „Доко“ од Албанија.

 

Оваа инвестиција ќе се реализира во рамките на заем во висина од 23 милиони евра што беше подигнат од Европската банка за обнова и развој во 2013 година. Воедно, од МЕПСО најавуваат дека до крајот на годинава ќе биде објавен тендерот за изградба на идниот 400 киловолтен далекувод кон Република Албанија и на новата 400 на 100 киловолтна трафостаница во околината на Охрид.