Во организација на НВО „Плоштад Слобода“, денеска беше одржан протест како реакција на завчерашната презентација на проектот „Скопје 2014“ и заградувањето на дел од плоштадот Македонија. Кај поставената ограда се собраа над илјада ѓраѓани кои својот револт го изразија со слогани, транспаренти, пеење, пишување на графити врз металните лимови и нивно рушење. На протестот се приклучи и НВО „Разбуди се“. За разлика од мартовските случувања во 2009, овој пат беше забележливо големо полициско присуство и собирот помина без инциденти. Од „Плоштад Слобода“ најавуваат и нови активности. Политичките партии го искористија денешниот настан за меѓусебно препукување.