Профункционира новата површинска фонтана на просторот помеѓу Камениот мост и споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Таа има правоаголна форма, со димензии 20 х 10 метри и 128 прскалки илуминирани со LED светилки. Фонтаната и новото поплочување ги чинат граѓаните над 2,4 милиони евра (една третина од средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје, а другиот дел од државниот буџет). Изградбата започна пред нешто повеќе од една година, а како изведувач на градежните работи беше ангажирана фирмата „Трансмет“. Проектната документација ја изработи Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп.