Претходна статија
Изложбата „Ослободување на простор“ за наследството на „Скопје 2014“ од вторник во МСУ
Следна статија
Државата ќе го преземе управувањето со плажите долж Охридското езеро

Продолжува реконструкцијата на охридската болница „Св. Еразмо“

Објавено на 07.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за здравство ја продолжи реконструкцијата и адаптацијата на објектот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Градежните работи во моментов течат без застој, при што 80% од севкупните работи на градилиштето се завршени. Оваа здравствена установа ќе го добие реконструиран оперативниот блок и интензивната нега до септември 2019 година.

 

 

Охридската болница „Св. Еразмо“ со санациониот зафат ќе прерасне во современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија, со што ќе се подобрат здравствените услуги на пациентите. Проектот предвидува отворање на пет нови оперативни сали, амбулантско – болнички и стационарен дел по сите европски стандарди. Изведувач на проектот е вевчанската фирма „ВИА“. Краток прекин на градежните работи имаше при крајот на 2017 година.