Претходна статија
Ќе се обноват покривите на 14 станбени згради во Карпош
Следна статија
400 илјади евра за унификација на 60 излози во скопската чаршија

Премиерот најавува изградба и реконструкција на шест болници

Објавено на 17.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со 40 милиони евра обезбедени од државниот буџет, во наредниот период на територијата на земјава ќе се реконструираат пет болници и ќе започне изградбата на Клиничкиот центар во Штип. Премиерот Никола Груевски најави дека градежните работи за реконструкција треба да почнат до крајот на годинава и да завршат во рок од една година. Според него, веќе е започната санацијата на болницата во Кичево, а на списокот за реконструкција се наоѓаат болницата Св. Еразмо во Охрид, Клиничката болница за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје и болничките центри во Битола и Прилеп.

 

 

Министерството за здравство пред неколку дена објави тендер за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира охридската болница, додека во октомври треба да стартува изградбата на Клиничкиот центар во Штип. Веќе е завршен тендерот за санација и доградба на скопската болница „Св. Наум Охридски“, а до октомври 2016 година е предвидено да се комплетира реконструкцијата на битолската и на прилепската болница.