Акцелераторите ќе бидат инсталирани во Клиничките болници во Штип и Битола
Министерството за здравство планира во најскоро време да ги стави во функција набавените линиски акцелератори за Клиничките болници во Битола и Штип. Договорот за инсталација на опремата веќе е потпишан, заедно со набавката на онколошки информациони системи, системи за запишување и верификување на радиотераписки третман и системи за планирање на третман и нивно воведување