Град Скопје денес одржа презентација на Предлог планот за оддржлив транспорт, изготвен во рамки на проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“. Главна цел на планот е Скопје да го трансформира постојниот транспортен систем на таков начин што ќе може да одговари на сите потреби за функционирање и развој на градот, но да се минимизираат економските, општествените и еколошките несакани ефекти.
Планот воглавно содржи смерници за координирано планирање на намената на земјиштето и транспортниот систем, стимулирање и унапредување на јавниот превоз и на велосипедскиот превоз, напредни системи на сообраќајна сигнализација, начини за смирување на сообраќајот, создавање на хумана средина за пешаците, управување со товарниот сообраќај и модуси за регулирање на доставата на стока.
Предлог планот за оддржлив транспорт го изработија Отсекот за сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола и Секторот за сообраќај на Град Скопје. Тој е дел од проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“, преку кој во Скопје се спроведоа и се спроведуваат неколку значајни мерки во јавниот превоз. Адаптација на дизел автобуси на ЈСП за можност за користење на природен гас како погонско гориво, подготовката на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, систем за автоматска локација на возилата и систем за информирање на патниците во реално време на автобуските постојки се дел од изработените мерки во рамките на овој проект во нашиот главен град. Скопје е дел од петте градови влезени во оваа иницијатива финансирана од Европската унија.Град Скопје денес одржа презентација на Предлог планот за оддржлив транспорт, изготвен во рамки на проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“.