Претходна статија
Луксузната населба „Верина“ ќе постави нови стандарди во домувањето
Следна статија
Објавени конкурси за објектите спроти хотел „Бристол“

Потпишан договорот за реконструкција на плоштадот во Штип

Објавено на 17.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов и директорот на градежната компанија „Бетон Штип“, Илија Бреслиски, денеска го потпишаа договорот за реконструкција на централниот градски плоштад во Штип. Компанијата беше избрана за најповолен понудувач на тендерот што го спроведе локалната самоуправа за реконструкција и партерно уредување на плоштадот „Слобода“. Новиот плоштад ќе понуди модернистички дизајн и ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни. Во рамките на проектот е предвидено отстранување на старата и поставување на нова фонтана, како и поставување на дрворед на градскиот плоштад.

 

Вкупната инвестиција изнесува 19.430.595 денари и истата е за околу 50.000 евра пониска од првично предвидената вредност од 360.000 евра објавена во јуни годинава. Финансиските средства се обезбедени преку кредит од Светска банка, а рокот за завршување на работите изнесува 4 месеци. Новиот изглед на плоштадот „Слобода“ претставува помал сегмент од уредувањето на централното градско подрачје на Штип, кој вклучува и проект за уредување на коритото на реката Отиња.

 

##

##

##

##

 

 

Бојан Блажевски