Претходна статија
Како до изградба на енергетски ефикасен објект?
Следна статија
Изградбата на монтажен објект - решение со многу предности

Поништен Конкурсот за фасадите околу плоштадот „Филип Втори“

Објавено на 24.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје го поништи Конкурсот за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на објекти лоцирани на улицата „Црвена скопска општина“ во центарот на Скопје, односно објектите околу плоштадот „Филип Втори“. Градската власт наведува дека приложениот труд на распишаниот Конкурс не ја испочитувал постојната архитектура, не ги задоволил конкурсните барања, ниту пак ја запазил амбиенталната средина на просторот. Поради неисполнувањето на архитектонските услови, одлучено е да се поништи Конкурсот.

 

 

 

Скопските градски власти распишаа архитектонски Конкурс за фасадите долж улицата „Црвена скопска општина“ во јануари минатата година. Заедно со овие градби, тогаш се побара од архитектите да достават свои трудови и за планираната реконструкција на фасади на булеварот „Илинден“ и на улицата „Димитрие Чуповски“. Градот Скопје во септември 2013 година одлучи дека објектот „Ибни Пајко“ ќе добие нова реконструирана фасада, заснована на идејното решение на архитектите Лазар Димов и Никола Стакинов.