Претходна статија
Пристигнаа шесте кинески возови за Македонски железници
Следна статија
Ќе се реновира Музејот за изработка на оружје за време на НОВ во Скопје

Почнува реконструкцијата на фасади на станбени објекти во Аеродром

Објавено на 08.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови термички фасади годинава ќе добијат 10 станбени објекти на територијата на скопската општина Аеродром. Локалната самоуправа денеска го распиша тендерот за избор на фирми што ќе ги изведуваат енергетско ефикасните фасади на постарите колективни згради. Проценките се дека во проектот ќе се инвестираат околу 30 милиони денари од општинскиот буџет. Реализацијата ќе се одвива до крајот на 2017 година. Градежните компании заинтересирани за учество во тендерската постапка имаат рок до 3 март за доставување на своите понуди до општина Аеродром.

 

 

Проектната документација за санација на фасадите на станбените објекти ја изработи фирмата „Инком Инженеринг“ од Скопје, за што се издвоија околу 2,7 милиони денари. Локалните власти треба да ги изберат објектите што ќе бидат вклучени во реализација на зафатот, при што од општина Аеродром веќе најавија дека првенство ќе добијат најоштетените фасади на колективните згради.

 

Реконструкцијата на надворешниот изглед на објектите веќе неколку години наназад ја изведуваат скопските општини Центар и Карпош, кои заедно, веќе имаат реализирано речиси 100 термички фасади на зградите што се лоцирани на нивна територија.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk