Претходна статија
Првата депонија по европски стандарди отворена во Гевгелија
Следна статија
ОСВРТ: Изложбено сеќавање за она што останало од модернистичката архитектура во Косово

Пад од 15% кај пазарот на недвижности во третиот квартал

Објавено на 24.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за катастар на недвижности во периодот јули – септември 2018 година регистрирала намалување на бројката на трансакции кај македонскиот пазар на недвижности. Во третиот квартал се регистрирани 7.017 трансакции, од кои 5.048 се однесуваат на продажби на недвижности и 1.969 се закупи на недвижен имот. „Споредено со вториот квартал од 2018 година, во овој квартал има регистрирано 1.287 помалку трансакции или намалување за 15%, што укажува на пад на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување“ се наведува во Кварталниот извештај за работењето на македонскиот катастар.

 

 

Македонскиот пазар на недвижности во третиот квартал од годинава тежел вкупно 183.593.000 евра. Најголем удел во оваа сума има продажбата на недвижности, која што учествувала во вкупниот износ со 5.048 купопродажби. Во споредба со претходниот квартал од 2018 година, забележано е намалување на бројот на трансакции за 11% во периодот јули – септември 2018 година.

 

Во делот на закупот на недвижности, впишани се вкупно 1.969 закупи во текот на третиот квартал од 2018 година, чија вредност изнесувала 647.000 евра. Најголем дел од нив се однесуваат на закупи на станови, кои учествуваат со дури 46% од вкупниот број на трансакции за закупи на пазарот на недвижности. Во однос на периодот април – јуни 2018 година, во третиот квартал е забележан пад на трансакциите за 25%, се наведува во објавениот Квартален извештај на Агенцијата за катастар на недвижности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk