2018 година бериќетна за македонскиот пазар на недвижности
И покрај падот од 15% во третиот квартал од 2018 година, македонскиот пазар на недвижности годинава бележи зголемен број на трансакции за продажба и закуп на куќи, станови, деловни простории, земјоделско и градежно земјиште. Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, во првите девет месеци од 2018 година се регистрирани вкупно 22.321 трансакции.