Претходна статија
Објавен тендер за изработка на проектот за сообраќајницата под Скопското Кале
Следна статија
Објавен тендер за регулација на коритото на Конска река во Гевгелија

2018 година бериќетна за македонскиот пазар на недвижности

Објавено на 05.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И покрај падот од 15% во третиот квартал од 2018 година, македонскиот пазар на недвижности годинава бележи зголемен број на трансакции за продажба и закуп на куќи, станови, деловни простории, земјоделско и градежно земјиште. Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, во првите девет месеци од 2018 година се регистрирани вкупно 22.321 трансакции. Притоа, македонските правни и физички лица продале 13.432 недвижности. Забележителен раст е регистриран и кај закупите на недвижности, кои во периодот јануари – септември 2018 година ја достигнале бројката од 7.139 закупи, и тука првенствено влегуваат ќириите од изнајмување деловни простории и станови низ земјава.

 

 

Катастарот регистрирал дека најдобар период за тргување со недвижностите бил вториот квартал, додека во текот на летниот период се намалил интересот за продажби и закупи на недвижности. Како што се наведува во извештаите на Агенцијата за катастар на недвижности, во периодот јули – септември 2018 година дошло до намалување на пазарот на недвижности за 15% во споредба со вториот квартал од годинава. И покрај ваквите бројки, очекувањата се дека тековната година ќе донесе позитивен раст на македонскиот пазар на недвижности.

 

Освен доколку не се случат изненадувачки настани од негативен карактер во македонското општество, Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности е за очекување да регистрира севкупно поголем број на продажби и закупи на недвижности во 2018 година во споредба со претходната година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@buildmk