Заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Министерството за образование и наука ја заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Со градежниот зафат беа променети прозорците, подовите, вратите, плочките и осветлувањето во објектот. Во внатрешните простории се изведени молерско-фарбарски работи, а во функција се ставени и нови лифтови. Студентите од овој сместувачки капацитет ќе можат да ги