Претходна статија
Се бара проект за надградбата на Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид
Следна статија
Заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Пропусти при тендерот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје?

Објавено на 24.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Фирма со негативен бонитет, во спротивност со тендерските услови, е избрана да го гради идниот Клинички центар во Скопје. Според информациите на Телевизија 24, комисијата при Министерството за здравство како најповолна ја рангирала понудата на македонско-италијанскиот конзорциум составен од италијански „Инсо системи“ и македонските компании „Бетон“ и „Гранит“ од Скопје. Комисијата утврдила дека овој конзорциум понудил најниска цена, со што понудата е вреднувана како најповолна. Ваквиот резултат од тендерската постапка ги мобилизирала останатите учесници, кои побарале увид во документите и најавиле евентуални тужби.

 

 

Изградбата на Клиничкиот центар во Скопје веќе е придружена со серија на пропусти и одолговлекувања. Првичното ветување на досегашната власт беше дека објектот ќе се изгради до јануари 2017 година. Веднаш потоа, на почетокот на годинава се утврди дека сите учесници на тендерот доставиле повисоки понуди од предвидената вредност на комплексот од 70 милиони евра. Изработката на проектната документација доцнеше со месеци, додека во моментов никој не може да даде одговор што стана со изведбата на двете нови катни гаражи кои треба да го решат проблемот со паркирање во најголемиот здравствен комплекс во земјава.