Претходна статија
Пропусти при тендерот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје?
Следна статија
Општина Центар и годинава ќе дава субвенции за купување велосипеди

Заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Објавено на 26.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука ја заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Со градежниот зафат беа променети прозорците, подовите, вратите, плочките и осветлувањето во објектот. Во внатрешните простории се изведени молерско-фарбарски работи, а во функција се ставени и нови лифтови. Студентите од овој сместувачки капацитет ќе можат да ги користат и новите 50 машини за перење што беа набавени во изминатиов период. Санациониот зафат на блокот „А“ го изведуваше тетовската фирма „НБ Компани“. За реализација на проектот се издвоија околу 1,4 милиони евра од државниот буџет.

 

 

Градежниот зафат следуваше по реконструкцијата на блокот „Б“ во текот на 2015 година. Паралелно со ова, министерството за образование и наука во моментов спроведува тендерска постапка за пронаоѓање компанија што ќе ги санира блоковите „В“ и „Г“. За десетина дена треба да започнат изведбените работи и на овие делови од домот „Гоце Делчев“, со што целосно ќе се заврши неговата обнова по повеќе од четири децении од пуштањето во употреба. Овој сместувачки капацитет се состои од 544 двокреветни соби, 64 еднокреветни соби и 54 соби за студенти во брак.