Претходна статија
РЕПОРТАЖА: „Малиот Париз“ од истокот со големите налудничави зданија од тоталитаризмот
Следна статија
Утре и задутре GEZE ќе одржи презентација во Македонија

Општина Центар ќе вложи во енергетската ефикасност на 50-тина стари станбени згради

Објавено на 01.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар продолжува со активностите за подобрување на енергетската ефикасност на постарите колективни станбени објекти на нејзината територија, преку реализација на проекти за санација на фасадите и вградување на нови современи прозорци и балконски врати. Во наредните четири години општината ќе финансира реконструкција на дополнителни 45 до 50 станбени згради по овој терк, при што надворешниот изглед нема драстично да се менува.

 

извор: Општина Центар„Она што исто би сакал да го потенцирам е дека освен поставување на фасади со термичка изолација, исто така ќе биде сменета дотраената столарија, се разбира со согласност од станарите. И веројатно најбитно е што со овие нови фасади сметките за греење ќе бидат најмалку за една третина пониски“, изјави градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, при денешното симболично обележување на почетокот на градежните работи. Објектите кои ќе бидат реконструирани во рамки на проектот се избираат по пат на конкурс, при што на првиот се избрани 13 згради, а Жерновски упати повик до сите заинтересирани куќни совети што побрзо да обезбедат согласност од станарите и да аплицираат на наредните конкурси.