Претходна статија
Во средината на август ќе стартува изградбата на новата општинска зграда на Карпош
Следна статија
Во Маџир Маало ќе се вивнат станбени згради, булеварот Крушевска Република останува во игра

Општина Центар избра 10 згради за реконструкција на фасадите

Објавено на 20.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Девастираните фасади на 10 станбени објекти лоцирани на територијата на општина Центар ќе бидат реконструирани во рамките на проектот „Енергетско ефикасни домови“. Локалната самоуправа ги избра овие згради по распишаниот јавен повик, на кој аплицираа 54 станбени единици. Доколку некој од наведените објекти не го исполни критериумот за промена на прозорци и врати во периодот до 20 август, ќе биде заменет со друга станбена зграда од утврдената ранг – листа. Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со невладината организација „Хабитат Македонија“, со која е планирано остварување на Акциониот план за енергетска ефикасност на општината за реконструкција на фасадите на објектите за колективно домување.

 

Финансиската конструкција на проектот изнесува 30 милиони денари. Во текот на санацијата на надворешниот изглед на објектите е предвидено да се извршат енергетски контроли со кои ќе се утврди нивната енергетска ефикасност. Со овој зафат не е планирано да се менува надворешната физиономија на ниту еден од избраните објекти, со што тие единствено би добиле нови бои на фасадата и имплементирање на мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија од станарите.

 

 

Список на избраните станбени згради за реконструкција на фасада:

 

1. ул. Ѓуро Ѓаковиќ, бр.72

2. ул. Орце Николов, бр.77

3. бул. Партизански Одреди бр. 49, влез 1 и 2

4. бул. Кочо Рацин бр. 19

5. бул. Св. Климент Охридски бр. 53

6. бул. Св. Климент Охридски бр. 29

7. ул. Луј Пастер бр. 23А/1

8. ул. Ленинова бр. 73

9. ул. Орце Николов бр. 29

10. ул. Франклин Рузвелт бр. 46А