Претходна статија
Летен кампус за хуманата екологија на Стара Планина во Србија
Следна статија
Градот Скопје ќе ја уредува пештерата Убава

Општина Центар инвестира во деветта термичка фасада

Објавено на 22.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Станбената зграда на булевар „Илинден“ број 83 ќе добие нова термичка фасада – општина Центар ги започна активностите за реконструкција на надворешноста на објектот, кој не е саниран речиси шест децении и од кој во моментов паѓа малтер и поголеми делови од дотраената фасада. Со претстојните градежни работи ќе се имплементираат мерките за енергетска ефикасност, но истовремено ќе се задржи и оригиналниот архитектонски лик на зградата во непосредна близина на Градскиот парк. Локалните власти велат дека најголем бенефит ќе имаат граѓаните од оваа станбена зграда, кои во иднина ќе плаќаат пониски сметки за топлинска енергија.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

 

Изведувач на градежните работи е фирмата „Тетрагон МК“ од Скопје. Од Општина Центар информираат дека во изминативе две години инвестирале во изведба на вкупно девет енергетско ефикасни фасади во централното градско подрачје. Следна за реконструкција, десетта по ред, е станбената зграда на улица Владимир Полежаноски со број 19.