Претходна статија
Гостивар бара нов концесионер за зонското паркирање во градот
Следна статија
РЕПОРТАЖА: Последниот крик на технологијата применет на автопатот Демир Капија - Смоквица

Општина Центар и годинава вложува во енергетско ефикасни фасади

Објавено на 15.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Од утре започнува рокот за пријавување на сите заинтересирани заедници на сопственици на станови за реконструкција на фасадите на колективни станбени згради на територијата на општина Центар. Како и во минатите години, локалната самоуправа ќе вложи во изведба на енергетско ефикасни фасади на станбените згради постари од 25 години. Реконструктивниот зафат е предвидено да опфати изведба на нова термичка фасада и замена на дотраената фасадна столарија. Општина Центар ќе ги покрие трошоците во висина од 70% од вкупниот износ на енергетски ефикасната фасада, додека станарите ќе треба да ги покријат преостанатите средства.

 

 

„Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите“ вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Тој најави дека оние жители од станбените згради што се социјални случаи или лица со посебни потреби нема да плаќаат никакви средства при изведбата на енергетско ефикасните фасади. Рокот за пријавување на сите заинтересирани заедници на станари истекува на 30 април.