Претходна статија
Строги мерки за заштита на зеленилото со новиот закон изгласан во Собрание
Следна статија
Годинава ќе се изградат 80 километри од гасоводната мрежа

Општина Центар годинава со два нови училишни објекти

Објавено на 16.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“ ќе биде завршена до јуни 2018 година. Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска изврши увид во градежните работи кај овој објект. Новите простории од 532 метри квадратни ќе се состојат од шест училници и три помошни простории. Во образовниот објект ќе се постави лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот, а целиот објект ќе добие и нова енергетски ефикасна фасада. Во рамките на проектот ќе се инсталира нова топлотна потстаница, со која драстично ќе се намалат сметките за електрична енергија. Во овој училишен објект се инвестираат над 22,6 милиони денари.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

Градоначалникот Богдановиќ денеска информираше и за градежните работи во врска со изградбата на новото основно училиште во населбата Капиштец. Во изминатиов период е завршена изведбата на карабината на зданието од 12.000 метри квадратни. Изведувачот во моментов работи на машинството, водоводот и електриката во објектот, како и на довршување на гипсарските и фасадните работи. Проектот вреден 416 милиони денари би требало да се доврши до крајот на 2018 година.