Претходна статија
Се продава земјиште за изградба на фотоволтаични електрани во Македонски Брод
Следна статија
Пробиени двата тунели од идниот автопат Демир Капија - Смоквица

Општина Радовиш ќе го реконструира градскиот плоштад „Св. Спасо Радовишки“

Објавено на 06.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Централниот градски плоштад и шеталиште „Св. Спасо Радовишки“ во Радовиш [»мапа] наскоро ќе добие нов изглед. Локалната власт неодамна го избра идејното решение на архитектонското студио „Евтимов“ од Радовиш како најдобро рангиран труд за претстојната реконструкција на јавниот простор во центарот на градот. На распишаниот конкурс беа доставени шест труда од архитекти и архитектонски бироа, при што општинарите на најдобро оценетото решение му доделија прва награда во износ од 30.000 денари, трудот на архитектот Орце Василев е рангиран на второ место и на него му е доделена награда во висина од 20.000 денари, додека третата награда во износ од 10.000 денари и припадна на Ана Кафтановска.

 

 

 

Општина Радовиш во моментов го привршува процесот за избор на компанија што ќе го изработи основниот проект, по што ќе следува и постапката за селекција на градежна компанија што ќе го реконструира градскиот плоштад. Во замислата за идниот плоштад е предвидена дислокација на постоечката фонтана, како и отстранување на сегашните острови и зелени површини од шеталиштето. Со зафатот е зацртано на самиот плоштад да се изведе мозаична декорација, додека на шеталиштето да се постави урбана опрема што ќе им користи на граѓаните. Конкурсот за избор на идејно решение беше распишан на крајот од април годинава.