Претходна статија
Два нови кружни тека се градат во Битола
Следна статија
За два месеци треба да заврши санацијата на патот Тетово - Јажинце

Новиот изглед на плоштадот „Македонија“ оди на втор тендер

Објавено на 18.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Идниот изглед на плоштадот „Македонија“ според визуелизацијата објавена на сајтот на неделникот „Република“Градските власти се одлучија да го поништат тендерот за реконструкција на плоштадот „Македонија“ и да распишат нов оглас за проектот што предвидува поставување на 128 прскалки на просторот помеѓу Камениот мост и споменикот „Воин на коњ“. Според информациите на телевизија „Алфа“, Градот Скопје утврдил дека пристигнатите понуди се несоодветни или неприфатливи. Од трите понуди, најевтината во износ од 2.970.000 евра била на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, второрангирана била прилепската компанија „Крин КГ“ со понуда за изведување на работите во висина од 3.740.000 евра, а најмногу пари за реализирање на зафатот побарал кавадаречки „Урбан Инвест“ – 3.742.000 евра.

 

Современата фонтана на површинско ниво ќе има димензии од 15 х 15 метри и ќе се состои од 128 прскалки. Постоечките гранитни плочки ќе се заменат со некогашната коцка, а со проектот е предвидено да се постават и нови клупи, канделабри и корпи за отпадоци. Централниот плоштад во главниот град последен пат темелно се реконструираше во периодот 2003-2004 година, кога комплетно беше санирана оваа пешачка зона. Според објавената визуелизација во неделникот „Република“, со новиот проект за реконструкција се предвидува уште една темелна промена за помалку од една деценија.