Претходна статија
ЕЛЕМ избра консултант за изградба на туристичкиот комплекс Ливадиште
Следна статија
Кичево и Дебар ќе се поврзат со поквалитетна патна врска

Нови осум павилјони во студентскиот дом „Стив Наумов“

Објавено на 15.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Осум новоизградени приземни павилјони со површина од 2.000 метри квадратни и вкупно 140 легла денеска беа пуштени во употреба во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда [»мапа]. Во склоп на новите објекти има и соби за лицата со посебни потреби. Реализацијата на проектот го чинеше Министерството за образование и наука 103 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра. Изградбата на павилјоните започна во декември 2011 година, а првичниот рок за нивно завршување беше октомври 2012 година.

 

извор: Влада на РМНа денешното отворање присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Министерот Ристовски изјави дека е завршено поднесувањето на понуди за првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом „Гоце Делчев“ и дека во следните денови треба да се одржи електронската аукција. „Можеби нема да може да одговориме во целост на сите потребни барања, но треба да бидеме рационални бидејќи многу е поважно во следните две години како што е планирано во фази да заврши комплетната реконструкција и да се обезбедат соодветни услови за студентите“ рече Ристовски.