Претходна статија
Отворени вратите на „Градежништво 2010“
Следна статија
Повторно оспорен тендерот за двокатни автобуси

Нови огради на плоштадот

Објавено на 03.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Работници на градежното претпријатие „Бетон“ вчера го оградија тревникот во центарот на плоштадот „Македонија“. Во наредниот период ќе се работи на подготовка на инфраструктурата за потребите на фонтаната со споменикот на Александар Македонски. Од Општина Центар се уште не знаат дали ќе се искористат веќе постоечките инсталации за претходната планирана фонтана, кои беа изградени во времето на градоначалникот Ристо Пенов и кои чинеа 200.000 евра. Дополнително ќе се утврдува дали тие инсталации ќе бидат корисни, дали евентуално ќе се надградува нивниот капацитет, или целосно ќе треба да се изградат нови.


Од завчера се работи и на подготвување на теренот за споменикот на Методија Андонов – Ченто на аголот пред кафулето „Тренд“. Споменикот е изработен од скулпторот Димитар Филиповски, а се најавува негово поставување до април. До крајот на јули се очекува да пристигнат и спомениците на Св. Климент и Наум Охридски, Св. Кирил и Методиј и на Карпош.