Претходна статија
Нова зграда ќе се гради на местото на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Следна статија
Норвешки конзорциум сака да го гради трамвајот во Скопје

Нова тура на фасади за реконструкција во општина Карпош

Објавено на 24.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Продолжува реализацијата на втората фаза од реконструкцијата на старите фасади на станбените згради во општина Карпош. Градежните компании „Аполо инженеринг“, „Сандра инженеринг“ и „Изградба комерц“ од Скопје ќе ги вршат санационите зафати врз објектите, кои беа избрани на распишаниот конкурс од страна на локалната самоуправа. Проектот „Да го вратиме сјајот на старите згради“ ќе се спроведе во наредните 12 месеци и во рамките на истиот во континуитет ќе се менува постоечкиот оштетен изглед на станбените зданија со нови фасади, во чии рамки ќе биде изведена термичка изолација на фасадата и поставување нови прозорци. Вкупната вредност на зафатот изнесува 47 милиони денари или над 760.000 евра.

 

 

 

 

Локалната самоуправа во претстојниот период ќе излезе со точната бројка на објекти кои ќе се реконструираат и со обемот на градежни активности што ќе се изведе врз секој од нив. Во јануари годинава беше објавен јавниот повик за пријавување на куќните совети за овој проект, а истовремено беше објавен и огласот за избор на изведувачи на работите. Општина Карпош го започна проектот за обнова на фасадите од станбените објекти на нејзина територија пред три години, кога беа одбрани 14 зданија како дел од првата фаза.