Претходна статија
Град Скопје: Заврши пријавувањето за субвенции за купување велосипед
Следна статија
Распишан архитектонски Конкурс за изгледот на градскиот парк во Кочани

Нова енергетски ефикасна фасада на станбен објект во населбата „Пролет“

Објавено на 20.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Центар во изминативе четири години реконструираше 15 дотраени фасади на станбени објекти во централното градско подрачје, без ниту еден денар помош од централната власт. Во скопската населба „Пролет“ се реализира втората по ред енергетски ефикасна фасада на зградите изградени во доцните 40-ти години на минатиот век. Објектот е лоциран на улица „Цицо Поповиќ“ број 4. Станбената зграда ќе го задржи автентичниот изглед, а во договор со станарите е избран колоритот на новата фасада.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

Од општина Центар информираат дека градежниот зафат следи по средбите на граѓаните со градоначалникот Андреј Жерновски и по нивните поплаки дека фасадите на овие објекти се руинирани. „Интенцијата е да се продолжи со поставување на нови фасади и во другите згради, а до крајот на годината ќе се реши и проблемот со водоводот и канализацијата во ООУ „11-ти Октомври“ велат од општина Центар. Деновиве населбата „Пролет“ доби и современо детско игралиште.