Претходна статија
„Арт“ плоштадот во Прилеп пред комплетна реализација
Следна статија
Фабрика за ветерници кај Желино

Народниот театар во Гевгелија ќе биде повторно отворен до крајот на годината

Објавено на 11.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Санационите активности на Народниот театар во Гевгелија се одвиваат според зацртаното темпо. Досега е извршена целосна реконструкција на покривот, а во моментов се работи на внатрешно уредување на оваа културна установа. Завршено е бетонирањето на подот во сите делови и во тек е поплочувањето, поставувањето на електроинсталациите и замената на столаријата.

 

Следната фаза од санационите активности предвидува обнова на фасадата, за што подготовките се веќе започнати, и внатрешно малтерисување и уредување на овој културен објект. Општина Гевгелија аплицираше со #проектот „Реновирање на Народниот театар во Гевгелија“ до ИПА – Програмата во текот на 2007 година. Делегацијата на ЕУ за санацијата на оваа културна установа обезбеди 500.000 евра, а дополнителни средства за комплетно завршување на објектот додели и општина Гевгелија од сопствениот буџет. Пуштањето во употреба на објектот се очекува кон крајот на годината, по повод шест децении од постоењето на оваа културна установа.

 

*Народниот театар во Гевгелија пред почетокот на обновата, извор: http://www.gevgelija.gov.mk*Народниот театар во период на санација, извор: http://www.gevgelija.gov.mk

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

 

 

 

Бојан Блажевски