Претходна статија
Околу 3.500 нови работни места во секторот одржливо градежништво до 2020 година
Следна статија
Ќе се доградува хотелот Молика на Пелистер

На пазарот на недвижности за помалку од пола година се свртеле речиси 200 милиони евра

Објавено на 13.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Податоците од првиот полугодишен извештај од Регистарот на цени и закупнини на Катастарот, покажуваат дека во Македонија најмногу се продаваат станови, а значително помалку куќи и деловен простор. Извештајот го опфаќа периодот од 18 март до 31 август 2015 година, за кое време се истргувани недвижности со вкупна површина од 17.593.795 метри квадратни и вкупна вредност од 11.789.755.964 денари (околу 192 милиони евра), додека под закуп се дадени недвижности со вкупна површина од 6.888.077 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 54.824.165 денари (околу 891 илјади евра).

 

Во овој период во Регистарот на цени и закупнини се запишани 8.994 трансакции од кои 4.914 се продажби на недвижности, 37 продажби преку лицитација, 727 продажби од инвеститор, 237 откупи од Република Македонија, како и 3.077 закупи на целата територија на државата. На продажба се однесуваат 55% од трансакциите, а на закуп 34%. Најголем број на трансакции (695) се случиле на територијата на општина Центар, а следат Битола (570) и Карпош (546), додека најмалку биле реализирани во Пласница (3). На целата територија на Град Скопје се регистрирани вкупно 2.620 трансакции.

 

#На територијата на целата држава се регистрирани вкупно 5.641 продажби од кои 4.914 се продажби на стари недвижности, а 527 се први продажби на недвижности. Најголемиот број на недвижности кои се продадени (2.166 односно 41%) се станови, од кои 700 се новоградби, 2.068 продажби или 39% се земјоделско земјиште (ниви, овоштарници, лозја), а градежното земјиште учествува со само 8%. Продажбата на куќи е мала – само 328, а мала е и продажбата на деловен простор и за шестте месеци се реализирани само 268 трансакции, што во голем дел се должи на фактот што ваквите недвижности најчесто се даваат под наем. Продадени се и 53 индустриски објекти.

 

Највисока просечна цена на метар квадратен при продажба на станови е постигната во општина Центар 58.861 денар, во Карпош е 55.045 денари, во Аеродром 58.795 денари, во Охрид 44.625 денари, во Битола 37.750 денари, во Струмица 32.095 денари, во Тетово 31.286 денари, во Штип 29.195 денари, во Кочани 25.695 денари, а нејевтини се во Прилеп и Куманово по околу 24.500 денари.

 

Агенцијата за катастар на недвижности денеска го потпиша и првиот договор за користење на нивниот веб сервис од регистар на цени и закупнини со компанијата „Нолеџ центар“ која обезбедува услуги од областа на истражувања, проект менаџмент, управување со знаење, нови технологии и стратешки менаџмент. Компанијата работи и на имплементација на проектот Аукциски тигар кој е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. „Порталот e-aukcija.mk претствува прва онлајн аукциска куќа за продажба и купување на недвижен имот во Македонија, решение за институционални продавачи како банки, осигурителни компании, градежни компании, но и други правни и физички лица кои сакаат да го продадат својот имот по пат на електронска аукција“, рече Бранко Ѓуровиќ, претставник на „Нолеџ центар“.