Промовирани десетте реконструирани железнички станици низ земјава
По неколкугодишната реконструкција на станичните објекти, денеска беа промовирани обновените 10 железнички станици на територијата на Македонија. Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот