Претходна статија
Кај „Холидеј Ин“ ќе се постави споменик на бегалците од Граѓанската војна во Грција
Следна статија
Државната кардиохирургија се всели во нови простории

Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици

Објавено на 24.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наредната недела, со градежни активности за обнова на железничката станица во Прилеп, ќе започне проектот за обнова на 10 вакви објекти што се лоцирани долж паневропскиот Коридор 10 и кракот 10Д. Покрај во Прилеп, целосно ќе бидат реконструирани и железничките станици Велес, Битола, Богомила, Гевгелија, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.

 

Проектот ќе ја опфати и реконструкцијата на железничката станица во БитолаЕвропската комисија за овој инфраструктурен проект и одобри финансиска помош на Република Македонија во висина од 2,2 милиони евра. „За една година цел Коридор 10 ќе има нови и модерни железнички станици“, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Темелниот реконструктивен зафат ќе се состои од промена на кровот и подот во секој од објектите, санација на фасадата и на внатрешните ѕидови и изведба на нови тоалети. Во железничките станици ќе бидат имплементирани мерките за енергетска ефикасност. Сите објекти ќе добијат ново осветлување, систем за ладење и греење, систем за противпожарна заштита, патнички информативен систем и обезбеден пристап за лицата со намалена подвижност.

 

Покрај реконструктивниот зафат на 10 железнички станици низ македонските населени места, во моментов се одвива санација на главната железничка станица во Скопје преку обезбедените 2,5 милиони евра од европските ИПА фондови.