Претходна статија
Новиот кавадаречки градоначалник бара реконструкција на веќе обновениот плоштад
Следна статија
„Критичка Архива - Разоткриена“ во петок во Кино Култура

Државата ќе обновува осум детски градинки и други објекти од јавен карактер

Објавено на 07.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Осум објекти од јавен карактер ќе бидат обновени и адаптирани за опслужување на потребите на граѓаните во неколку општини. Министерството за труд и социјална политика денеска ги објави осумте тендери со проценета вредност од над 13 милиони денари. Во Општина Куманово ќе се врши адаптација на простор за Центар за продолжен престој на ученици вклучени во специјални паралелки и инклузивно образование и за дневен престој на деца со попреченост вон образовниот процес. Во Општина Прилеп ќе се адаптираат простории за Дневен центар за деца со церебрална парализа.

 

Со распишаните тендери за ангажирање на градежни фирми е предвидено и да се доградат простории за детските градинки во Општина Градско и во Општина Пласница, да се адаптира и реновира просторот за Мал групен дом во Штип, но и да се адаптира простор за Дневен центар за стари и возрасни лица во селото Извор, Општина Чашка. Во пакетот на објекти што ќе се обновуваат е и реконструкцијата на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Општина Гевгелија.

 

Градежните компании заинтересирани за учество во тендерските постапки можат да ја обезбедат документацијата преку веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Роковите за доставување на нивните понуди истекуваат во периодот од 12 до 20 февруари. Санацијата на осумте објекти од јавен карактер ќе се одвива во текот на наредните месеци.