Велешките населби Превалец и Оризари ќе добијат реконструиран водовод
Велешката фирма „Изгрев Инжењеринг“ е избрана за изведувач на реконструкцијата на водоводната линија за населбите Превалец и Оризари во општина Велес. Министерството за транспорт и врски обезбеди над 13,6 милиони денари за финансирање на овој инфраструктурен зафат. Со проектот ќе се изгради водоводна линија во должина од 1.838 метри, со што овие две