Претходна статија
Скопските „Бетон“ и „Гранит“ со зголемена добивка во 2013 година
Следна статија
Наместо пет, Штип ќе добие две паркинг платформи на Отиња

Ќе се ревитализира црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Објавено на 14.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Министерство за култураМинистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Аиво Орав и директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани денеска го претставија проектот за конзервација и ревитализација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, Кумановско. Во изминатиов период беше комплетирана тендерската документација, која се однесуваше на изработката на архитектонските планови, геодетските и геолошките истражувања. Завршена е тендерската постапка и избрана е фирма што ќе ги реализира работите. Во рамките на овој проект, влегува и изведбата на градежни работи на плоштадот во селото, адаптација на старата училишна зграда во етнолошки музеј и партерно уредување на целокупниот простор.

 

За реализација на проектот се обезбедени вкупно 1.422.000 евра, од кои, средствата од ИПА – фондовите на Европската унија изнесуваат 1.166.000 евра, додека националното кофинансирање изнесува 256.000 евра. Зафатот треба да биде завршен во втората половина на 2015 година. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1313 година врз темелите на постар сакрален објект од XI век од страна на Роман IV Диоген и истата претставува еден од најзначајните културно – историски споменици во Македонија.