Претходна статија
Електроцентралите на обновлива енергија со заедничка моќност од 117 мегавати
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: И по три години не е готова општинската зграда на Ѓорче Петров

Ќе се реконструираат лифтови и покриви на згради во Карпош

Објавено на 29.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош ќе ги реконструира покривните конструкции и лифтовите на станбени објекти што се лоцирани на нејзина територија. „Досега се имаат пријавено 45 колективни станбени згради за замена или изградба на покривите. Практично тоа означува замена на салонитните табли, кои што според наши сознанија се канцерогени, како и реконструкција на индивидуални станбени објекти кај граѓани кои пријавиле дека имаат салонитни табли“, информираше градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната прес-конференција за овој проект. Работите на терен ќе се одвиваат во наредните пет до седум години, со што целосно ќе се заменат салонитните табли вградени во објектите. При замената на покривите ќе се користи исклучиво лим во бела боја. Проектот ќе чини 22 милиони денари.

 

 

 

Воедно, во наредниот период ќе започне проектот за обнова и изградба на лифтови во згради што имаат над пет ката. „На седница на Советот на општина Карпош се одобрени осум, а останува да се одобрат уште четири барања за замена и реконструкција на лифтови на колективни станбени згради, или вкупно дванаесет. Сакаме да ги повикаме и оние станбени објекти, кои што имаат дотраени лифтови, да се обратат до нас, кои учествуваме со 65% од инвестицијата, додека 35% се учество на граѓаните“ рече Јакимовски. Од буџетот на општина Карпош за оваа намена се издвоени 14 милиони денари.