Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го реконструира булеварот „Партизански одреди“ низ Карпош 1 и 2
Следна статија
„Гранит“ ќе го реконструира магистралниот пат Гостивар - Кичево

Катастарот регистрирал 2.807 непродадени нови станови во периодот јули-септември 2016 година

Објавено на 18.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за катастар на недвижности регистрирала 2.807 непродадени нови станови во третиот квартал од 2016 година. Од катастарот утврдиле дека во овој период биле продадени 646 новоградби, додека во тек на изградба биле 8.332 стана на целата територија на земјава. Најновиот извештај за Регистарот на цени и закупнини е за периодот јули – септември 2016 година. Само во третиот квартал од минатата година се регистрирани 5.954 трансакции во системот, кои вклучуваат продажби, закупи и откупи од Република Македонија. Од катастарот оценуваат дека цените на становите по општини останале стабилни.

 

 

Цената на метар квадратен станбен простор во општина Центар во третиот квартал од 2016 година изнесувала 55.173 денари, што претставува пад за 2.970 денари во однос на истиот период лани. Кај општина Аеродром е забележан раст на вредноста на становите за 5.835 денари, па така овие недвижности се продавале по цена од 55.462 денари за метар квадратен. Во општина Карпош имало намалување на цената на становите од 2.645 денари во третиот квартал од оваа година во споредба со истиот од минатата година.

 

Стабилна цена на станбениот простор имало и во Струмица, каде во третиот квартал од 2016 година е регистрирана просечна цена од 31.320 денари за метар квадратен. Поголем пад на вредноста на овие недвижности е забележана во Битола, каде цената на становите во периодот јули – септември 2016 година достигнала 23.402 денари. На ниво на целата земја, од катастарот пресметале дека 9,28% од становите се ставени под хипотека. Од Агенцијата за катастар на недвижности наведуваат дека е можен благ пад на цените на становите доколку се задржат постојните услови на пазарот во подолг временски период.