Претходна статија
И терасите ќе се легализираат по едно евро за метар квадратен
Следна статија
Ќе се санираат ѕидните платна на Долни Сарај во Охрид

Катастарот ќе врши проценка на вредноста на недвижностите

Објавено на 06.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Според информациите од градежните компании, во моментов  на пазарот на недвижности во Македонија има околу пет илјади непродадени нови станови. Цените на становите бавно паѓаат и покрај интензивната изградба на нови објекти од една, и помалата заинтересираност на граѓаните за купување на стан по постојните цени од друга страна. Градежниците посочуваат на скапите материјали за изградба како неизбежен фактор кој ја одредува цената, додека агенциите за недвижности обвинуваат за нереално формирање на цената на станбен квадрат.

 

Со цел да се утврдат реалните цени на сите недвижности, Агенцијата за катастар планира да врши масовна проценка на нивната вредност, со што граѓаните на дневна основа ќе имаат информации колку вреди одреден стан, куќа, деловен простор или земјиште. „Генерално се очекува дека ќе има намалување на цените на становите, односно ќе имаме точна вредност на становите. Затоа што ова ќе овозможи на граѓанинот или бизнисменот пред да го купи станот, да дојде во Катастарот, или преку нашата веб-страна бидејќи планираме да го направиме тоа да може преку интернет да се следи, да ја провери вредноста на станот“ вели Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар. Проектот за проценка на вредноста на недвижностите треба да биде готов најдоцна за две години.