Претходна статија
Охриѓани бараат референдум за изградбата на објекти во Националниот парк Галичица
Следна статија
За време на празници донесени ДУП-овите за Карпош 3 и Тафталиџе 1

Катастар: недвижностите во Скопје имаат највисока вредност

Објавено на 05.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Агенцијата за катастар на недвижности преку Регистарот за цени и закупнини на недвижности до крајот на септември 2015 година впишала 5.329 трансакции, од кои 3.362 се продажба на недвижности и 1.967 се закупи. Според информациите на катастарот, Скопје со регистрирани 882 продажби и 874 закупи предничи во функционирањето на домашниот пазар на недвижности. „Вкупната вредност на регистрираните купопродажби изнесува 4.786.774.044 денари. Од нив, 3,2 милијарди денари отпаѓаат на купопродажба на објекти, а околу 666 милиони на земјиште“, посочува директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

 

 

 

Во годишниот отчет за работењето на катастарот е пресметано дека како купопродажби лани биле истргувани недвижности со површина од 3.850.214 метри квадратни, додека под закуп биле издадени зданија од 881.566 метри квадратни. Просечната цена за метар квадратен површина во Скопје изнесувала 51.870 денари, а по неа следува Битола и Охрид, каде вредноста на метар квадратен недвижност изнесувала 31.553 метри квадратни, односно 29.958 метри квадратни.

 

Во делот на електронскиот катастар, институцијата лани примила 1.189.967 предмети, од кои само 0,2% останале нерешени. Во сегментот на легализација на бесправно изградените објекти, катастарот до крајот на 2015 година решил 139.070 случаи и изготвил 4.501 бесплатен геодетски елаборат за легализација. Агенцијата за катастар на недвижности лани успеала да впише, евидентира и предбележи 1.498 инфраструктурни објекти, што е предуслов за целосно оформување на подземниот катастар во македонските градови.