Претходна статија
Објавен тендерот за изведувач на нов Луна парк во Скопје
Следна статија
Почна реконструкцијата на коловозот на улицата Ѓорче Петров

Град Скопје забрзано ита кон промена на изгледот на „Ибни Пајко“

Објавено на 25.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Распишан e тендер за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на познатиот објект „Ибни Пајко“ на плоштадот „Филип Втори“ во центарот на Скопје. Градот Скопје брза да го промени изгледот на препознатливото здание во еден од стиловите на „Скопје 2014“, откако кон средината на февруари го избра идејното решение на авторите Лазар Димов и Никола Стакинов за спроведување на претстојната „барокизација“. Целокупната постапка следува откако на објавениот Конкурс пристигна само едно идејно решение од архитектонската фела, по што градските власти, без да постои конкуренција меѓу авторите, се одлучија да го изберат единствениот пристигнат труд.

 

* Објект „Ибни Пајко“ пред Втората светска војна

 

Граѓаните на главниот град за изработка на проектната документација ќе треба да платат 1.016.949 денари, без вклучен ДДВ. Градот Скопје ги очекува понудите на заинтересираните субјекти најдоцна до 3 мај. Дизајнот на маркантното здание „Ибни Пајко“ е изработен од архитект Михо Чакеља. Ова историско здание од старо Скопје е изградено во 1938 година.

 

Градските власти засега не излегуваат со официјално објаснување за причините поради кои треба да се промени изгледот на објектот. И покрај тоа што минаа неколку месеци од првичните најави на Град Скопје, од Националниот конзерваторски центар нема реакција околу претстојното уништување на изгледот на зградата, која е дел од архитектонското наследство на главниот град.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk