На површина од 24.000 метри квадратни помеѓу улиците Мирополит Теодосиј Гологанов и Прашка во скопската населба Тафталиџе, на поранешниот простор на „Гранит механизација“, инвеститорите „Импексел-2“ и „Еуро актива“ започнаа со изградба на станбениот комплекс „Гранд Престиж“ кој ќе го сочинуваат шест згради со катност П+8+Пк. Од источната страна комплексот се граничи со парцелата за најавениот трговски центар „G-Mall“.
Првиот објект кој се гради е на урбанистичка парцела 3.2, на новопланирана улица „3“, со вкупно 160 станбени единици. Зградата ќе има три влеза, а секој од влезовите директна врска до подземниот паркинг кој е предвиден на две нивоа. Становите ќе бидат гарсоњери, двособни, трособни и три и пол собни, со квадратура помеѓу 45 и 90 метри квадратни. Проектант и изведувач е „Импексел-2“.
Форумска дискусија за овој проект » овде