Претходна статија
Голем станбен комплекс ќе никне во Тафталиџе
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Украинскиот автобус однесен на хомологација

Првиот украински автобус пристигна во Скопје

Објавено на 28.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Од ЈСП информираат дека ЛАЗ (Львівський автомобільний завод) го испорачал првиот автобус за потребите на јавниот превоз во главниот град и дека примерокот е однесен на царинење. Од утре треба да почне неколкудневен процес на хомологација на Машинскиот факултет во Скопје. Првично беше најавувано дека 15 од нарачаните 84 автоуси ќе пристигнат до почетокот на јуни годинава. Со договорот, пак, е предвидено дека производителот е должен првите 15 автобуси да ги испорача до крајот на овој месец. Веќе е извесно дека рокот ќе биде пробиен, но останува нејасно поради какви околности. Доколку испораката е одложена по вина на ЛАЗ, договорот предвидува украинскиот производител за секој ден задоцнување да плаќа пенали во висина од 0,1% од вредноста на автобусите.


Форумска дискусија на оваа тема » овде