Претходна статија
За два месеца ќе бидат изработени проектите за санација на македонските чаршии
Следна статија
Утре протест пред владата за запирање на изградбата на рудникот Казандол

ЕЛЕМ нема да ја гради „Рајската градина“ во Аеродром и ски – центарот на Водно

Објавено на 06.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада на вчерашната седница донесе одлука за прекинување на сите несуштински проекти на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Државната енергетска компанија во иднина ќе се посвети исклучиво кон производство на електрична енергија. Во историјата ќе заминат проектот „Рајска градина“ планиран во населбата Аеродром, скијачкиот центар на Водно, конгресниот центар во Охрид, катната гаража во Охрид, жичарата на Попова Шапка, автокампот „Ливадиште“ во Струга, пешачко – велосипедската патека на езерото Козјак, плажата во Дојран и скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер.

 

*Проектот „Рајска градина“ во неокласичен стил наменет за населбата Аеродром

 

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска појасни дека ЕЛЕМ ќе треба дополнително да изработи анализа за склучените договори во однос на тоа дали овие договори може да се раскинат. Еден од ваквите проекти е новата жичара на Попова Шапка, која се ветуваше речиси една деценија наназад и до денешен ден не е целосно изградена. Од ЕЛЕМ истакнаа дека во иднина ќе се посветат на вршење на нивната основна дејност, а тоа е производство на електрична енергија.