Сезонава ќе се скија на вештачки снег во Маврово
Како што ветија изминатово лето, од скијачкиот центар Маврово успеаја да ја постават новата опрема за производство на технички, еколошки снег на скијачката патека „Едносед“. Вештачкиот снег ќе овозможи продолжување на овогодинешната скијачка сезона на Маврово за 30 проценти. Во проектот се инвестирани околу 700.000 евра, кои претставуваат сопствена инвестиција на самиот скијачки центар.