Два станбени објекти на улицата „Волгоградска“ во скопската населба Карпош 4 ќе добијат нови термички фасади, за што општината планира да потроши околу 100 илјади евра. Со изведбата фасадите, станарите од овие објекти ќе заштедат од постоечката потрошувачка за затоплување, а истовремено ќе се освежи и изгледот на овие објекти изградени пред неколку децении.
Изведбата на термичките фасади ќе одвива во текот на претстојнава година. Претходно, на почетокот на февруари треба да се изберат градежните фирми што ќе ги реализираат изведбените работи на терен. Општина Карпош е првата локална самоуправа во земјава што започна со остварување на ваков вид на зафати уште пред неколку години. Во согласност со изготвениот општински проект, фасадите на вкупно 163 постари згради ќе бидат опфатени во рамки на реконструктивниот зафат.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk