Претходна статија
Ќе се гради сквер во населбата Жданец
Следна статија
Патот Битола - Ресен - Буково ќе биде саниран до крајот на годинава

Четири нови фасади на станбени објекти во Козле

Објавено на 07.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската општина Карпош продолжува со реализацијата на проектот за обнова на фасадите на постарите објекти ,со реконструкција на четири згради на улица „Јуриј Гагарин“ во населбата Козле. Со проектот ќе се имплементираат мерките за енергетска ефикасност кај овие објекти, за што од општинскиот буџет се издвоени околу 8 милиони денари. Првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски апелираше до станарите на овие згради да земат учество со локалните власти во реконструкцијата на покривите на нивните згради.

 

* Извор на фотографија: Општина Карпош

 

„Сакам да ги повикам граѓаните кои живеат во зградите бр. 28, 30, 50 и 52, да направиме напори заедно со локалната самоуправа, да ги реконструираме покривите, со што практично овие згради ќе ги обезбедиме во наредните триесет години. Тоа значи дека покривите нема да протекуваат, ќе имаат термички фасади, и во зима ќе им овозможат помалку да трошат енергија за греење, а на лето за ладење“, рече градоначалникот Јакимовски. Општина Карпош планира да ја заврши санацијата на фасадите на четирите објекти во наредните 40-тина дена. Годинава, локалните власти ќе ја почнат и обновата на фасадите на зградите од левата страна на булеварот „Теодосиј Гологанов“.