Претходна статија
Александар Велики пристигна на Плоштад Македонија
Следна статија
Архитектонско разубавување на запуштени објекти низ земјава

Предлог план за оддржлив транспорт на Град Скопје

Објавено на 17.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Град Скопје денес одржа презентација на Предлог планот за оддржлив транспорт, изготвен во рамки на проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“. Главна цел на планот е Скопје да го трансформира постојниот транспортен систем на таков начин што ќе може да одговари на сите потреби за функционирање и развој на градот, но да се минимизираат Предлог за обични и за „Park & Ride“ терминали на јавниот превозекономските, општествените и еколошките несакани ефекти.

 

Планот воглавно содржи смерници за координирано планирање на намената на земјиштето и транспортниот систем, стимулирање и унапредување на јавниот превоз и на велосипедскиот превоз, Предлог за туристички велосипедски трасинапредни системи на сообраќајна сигнализација, начини за смирување на сообраќајот, создавање на хумана средина за пешаците, управување со товарниот сообраќај и модуси за регулирање на доставата на стока.

 

Предлог планот за оддржлив транспорт го изработија Отсекот за сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола и Секторот за Еден од начините за смирување на сообраќајот - предлог за улица Дрезденскасообраќај на Град Скопје. Тој е дел од проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“, преку кој во Скопје се спроведоа и се спроведуваат неколку значајни мерки во јавниот превоз. Адаптација на дизел автобуси на ЈСП за можност за користење на природен гас како погонско гориво, подготовката на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, систем за автоматска локација на возилата и систем за информирање на патниците во реално време на автобуските постојки се дел од изработените мерки во рамките на овој проект во нашиот главен град. Скопје е дел од петте градови влезени во оваа иницијатива финансирана од Европската унија.Град Скопје денес одржа презентација на Предлог планот за оддржлив транспорт, изготвен во рамки на проектот „CIVITAS – RENAISSANCE“.