Општина Центар ја привршува реконструкцијата и доградбата на објектот на ОУ „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје. Во изминатиов период се работеше на доградба на дополнителни простории со површина од 532 метри квадратни, а во моментов се изведува новата енергетско ефикасна фасада. Новиот надворешен лик на училиштето ќе ги намали сметките за електрична енергија, а учениците ќе имаат можност да ја следат наставата во 6 нови училници и 3 нови помошни простории. Со зафатот беше поставен и лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.
„Стартот на новата учебна година на први септември, учениците од општинското основно училиште ‘Гоце Делчев’ ќе го дочекаат во реновирано училиште и ќе добијат поквалитетни услови за стекнување на нови знаења и развој“ информираат од општина Центар. Во целокупниот проект се инвестирани над 22,8 милиони денари и истиот започна да се изведува кон крајот на ноември минатата година.