Претходна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ на швајцарскиот архитект Алфред Рот
Следна статија
Се избира идејно решение за реконструкција, пренамена и доградба на прилепскиот Дом на културата

Почна најавената реконструкција на средните училишта во Скопје

Објавено на 04.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје го започна проектот за реконструкција на 11 средни училишта со пренаменетите средства од проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот Петре Шилегов од денешната прес-конференција во СУГС „Цветан Димов“ го објасни тековниот проект од речиси 60 милиони денари. Станува збор за реконструкција на фасадите за да се имплементираат мерките за енергетска ефикасност, реконструкција на внатрешноста на училишните објекти и замена на столаријата во дел од нив.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

46 милиони денари ќе бидат одворени за обнова на фасадите, додека преостанатите средства се наменети за санација на санитарни јазли, подови, врати, електрика и греење во образовните зданија. „Нашата цел е овдека во училиштата да овозможиме нормални услови за функционирање на децата, меѓутоа уште повеќе достоинствени услови за просветните работници што го водат едукативниот процес“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

За да се подобрат условите во кои учат средношколците, Градот Скопје во летниот период ќе ги обнови и реконструира објектите на Димитар Влахов, Јосип Броз Тито, Орце Николов, Кочо Рацин, Никола Карев, Боро Петрушевски, Здравко Цветковски, Панче Арсовски, Сарај, Панче Караѓозов и на Михајло Пупин.