Претходна статија
192,6 милиони денари нови приклучоци и одржување на магистралниот гасовод
Следна статија
Кај „Тобако 2“ во Аеродром ќе се гради нова зграда, жителите од околните згради се противат

ФОТО ВЕСТ: „Барокизацијата“ на фасадите прекината, тарабите и скелињата останаа во центарот на Скопје

Објавено на 17.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Неколку месеци по стопирањето на изведбата на „барокните“ фасади во центарот на Скопје, тарабите и скелињата од некогашните градилишта и понатаму го окупираат јавниот простор наменет за движење на граѓаните. Пешачките зони на улиците „Македонија“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ се оградени, а граѓаните не можат да се разминат на овие фреквентни локации. Жителите се жалат дека е неподносливо да се чека автобус на Рекорд, но и да се влезе во некоја од продавниците лоцирани долж овие пешачки зони.

 

 

Движењето со велосипед на овие три скопски улици е незамисливо, но особена грижа кај граѓаните предизвикуваат неактивните скелиња на објектите. На обележаните градилишта не се одвиваат никакви изведбени работи, а граѓаните стравуваат дека со текот на времето може да попушти стабилноста на самите скелиња. Поаѓајќи од фактот дека Советот на град Скопје уште во јануари годинава ја донесе Одлуката за укинување на Програмата за реконструкција на фасадите на објектите од центарот на Скопје, останува неодговорено прашањето од кои причини Градот Скопје досега не ги тргнал сите скелиња и тараби од централното градско подрачје.

 

 

Јавниот простор околу зданијата на Модерната во Скопје беше ограден за време на раководењето со Град Скопје на претходниот градоначалник Коце Трајановски. На дел од објектите на улиците „Македонија“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ им беше променет препознатливиот надворешен лик, додека „барокизацијата“ беше прекината кај останатите згради од овој дел на Скопје од страна на новиот градоначалник Петре Шилегов уште на почетокот од ноември 2017 година.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk