Претходна статија
Од наредниот викенд на Водно само пешки и со автобус
Следна статија
РЕПОРТАЖА: Изградбата на метрото во Варшава - во чекор со независноста на Полска

Ќе има судење за рушењето на објектот „Космос“ во Ќерамидница

Објавено на 17.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Советот на Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „ТНТ“ за уривањето на станбено – деловниот комплекс „Космос“ во скопската населба Ќерамидница. Судењето ќе следува во наредниот период, а како обвинети за бесправно уривање на објектот пред судот ќе се појават седум лица. Меѓу нив, на обвинителната клупа треба да седнат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски и уште четири други вработени лица во општината.

 

*Од уривањето на станбено – деловниот комплекс „Космос“; Фото: Архива на „Билд“.

 

Во случајот „ТНТ“ ќе можат да се користат и 26 прислушкувани разговори, за кои  Апелациониот суд веќе утврди дека можат да бидат користени како докази во судската постапка. Поранешниот премиер Никола Груевски е осомничен како нарачател на уривањето на комплексот „Космос“, при што целта било да му се одмазди на бизнисменот Фијат Цаноски поради напуштањето на коалицијата со неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сегашниот премиер Зоран Заев, во својство на лидер на тогашната опозиција, во февруари 2015 година објави аудио снимки од телефонските разговори помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески. Во разговорите можеше да се слушне како тие двајца се договараат околу уривањето на станбено – деловниот комплекс „Космос“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект